(ВИДЕО) Салихи: СДСМ ги зголемува можностите за вработување на младите, донесен Законот за младински додаток

Од:

„СДСМ преку конкретни мерки наменети за младите создава подобри услови за зголемување на стандардот и можностите младите да ја градат својата иднина во татковината.

Собранието на предлог на СДСМ го усвои Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години во производните дејности.

Младински додаток од 3.000 денари добиваат младите вработени во производните дејности, оние што се самовработени, вработени преку приватна агенција, како и младите индивидуални земјоделци“, рече Есра Салихи, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите.

Младинската гаранција, опфати над 20 илјади млади лица на територија на целата држава. Од нив преку младинска гаранција се вработени 6.004 лица.

Особено позитивен ефект се бележи кај младите роми со вклученост од 1457 млади лица, а од нив 212 веќе се вработени во 2019 година.

Во последниот квартал стапката на невработеност кај младите ја намалиме на 35%, за споредба во 2016 кога тој процент беше 48,2.

На прав пат сме. СДСМ останува посветен на реализација на мерките што значат вистинска грижа за младите“, изјави Есра Салихи, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?