СДСМ: Реализираме низа мерки и политики за подобар животен стандард на младите

Од:

„СДСМ креира и реализира мерки и политики, кои обезбедуваат просперитет за сите граѓани, пред се за младите, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети.

Во таа насока е доделување на младински додаток од 3.000 денари за младите вработени во производството и земјоделството.

Со оваа мерка се опфатени сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност“, велат од СДСМ.

„Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега се вработени околу 6.000 лица.

Усвоен и Законот за младинско учество и младински политики, со кој за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам, поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Потврда за сите заложби кои ги прави СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, која е значително намалена во однос на 2016 година, кога во времето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 48,2%.

Затоа на 12 април, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ, кои овозможуваат младите да ја градат иднината во својата татковина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“