Дарко Митевски освои втор мандат за градоначалник на Македонска Каменица

Од:

Досегашниот градоначалник на Македонска Каменица од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Митевски, и во наредните четири години ќе биде прв човек на Општината.

Според објавените резултати од Општинската изборна комисија на вчерашното гласање Дарко Митевски освоил 3.346 гласа, а неговиот главен конкурент од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, Стојан Јефремов 1.458 гласа.

Кандидатот на СДУ, Гоце Стојановски освоил 33, а кандидатот на СДПМ, Димче Веселинов, освоил 27 гласа.

Избирачкиот список за Општина Македонска Каменица има вкупно 6.692 избирачи, од кои вчера на 14-те избирачки места гласале 5.102 избирачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи