Стано: Европската комисија поздравува што изборите се одржаа во мирна атмосфера

Од:

Европската комисија го поздравува фактот што локалните избори во Македонија се одржаа во мирна атмосфера без поголеми инциденти. Ова денеска во изјава за дописникот на МИА од Брисел го истакна Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе.

Тоа значи дека за неофицијалната Влада на ЕУ, изборите во Република Македонија се регуларни и не може да стане збор за некакво непризнавање на резултатите. Сепак, гласноговорникот на Филе напоменува дека Комисијата сега ги чека официјалните резултати од Државната изборна комисија (ДИК) и официјалниот извештај на Канцеларијата на ОБСЕ за демократските институции и човекови права (ОДИХР) за спроведувањето на изборите и „сите натамошни препораки што може да дојдат од нив за таа цел“.

Известувачот за нашата земја од Европскиот Парламент, Ричард Ховит синоќа на социјалната мрежа „Твитер“ исто така ги поздрави мирните избори. Но, денеска за МИА побара време за официјална реакција, посочувајќи дека го чека извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. На тоа се повика и словачкиот европратеник Едвард Кукан.

 

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори