Големата скијачка везда Михаела Шифрин ја демонстрираше својата класа и убедливо го освои спустот во Банско. 24-годишната Американка, која генерално е специјалист за технички дисциплини, беше многу брза на патеката Алберто Томба на „Бандеришка полјана“, завршувајќи за 1,29,79 секунди.
Второто место и припадна на италијанската скијачка Федерика Брињоне, која остана на 18 стотинки, а Џоана Хехлен од Швајцарија (+0,23) заврши на трета позиција и се искачи на почесниот подиум. Многу од големите имиња во женското скијање – Петра Влхова, Ана Феит, Естер Ледецка, Тина Вајратер, како и специјалистката за спуст Софија Гоџа, не успеаја да ја завршат трката.
Откажаната трка од Светскиот куп во Вал Д’Изер на 22 декември се одржа денес во Банско, а уште две трки со најдобрите скијачки на светот – спуст (во сабота) и Супер-Г (во недела) треба да се одржат викендов.
По денешниот успех, Шифрин сега има 280 поени на врвот на пласманот на Светскиот куп, со тоа што Американката се искачи и до второто место во спуст 206 поени, 37 зад лидерката Корине Зутер, која денес заврши на 14-тото место.