Унгарско-американскиот тајкун Џорџ Сорос го обвини Фејсбук дека помага во реизборот на Доналд Трамп, непосредно пред претседателските избори оваа година.
Сорос (89) во своето обраќање за време на говорот во Давос, Швајцарија, во четвртокот го обвини гигантот на социјалните медиуми дека работи на реизбор на Трамп за време на предизборната кампања во замена за негова заштита.
„Фејсбук ќе работи на реизбор на Трамп и Трамп ќе го заштити Фејсбук, тоа многу ме загрижува за исходот на изборите оваа година “, рече Џорџ Сорос.