Стилианидис: Кипар избегна банкрот, банкарските депозити ќе бидат скратени за 30 отсто

Од:

Кипар го избегна банкротот, кој би бил катастрофален, бидејќи би довел до излез на земјата од еврозоната, изјави портпаролот на кипарската Влада Христос Стилианидис, нагласувајќи дека спогодбата дава можност за рестартирање на економијата на островската држава.

Тој во интервју за кипарското радио РИК истакна дека Народната банка ќе биде поделена на два дела на „добра“ и „лоша“, при што „добриот“ дел ќе биде префрлен во Банката на Кипар, со оглед на тоа дека долгот на Народната банка во моментов изнесува 9,2 милијарди евра и тој во моментов е замрзнат.

На прашањето дали оваа мерка можеби крие опасности за иднината на другата финансиска институција, Банката на Кипар, владиниот портпарол рече дека Европската централна банка се ангажирала за финансирање на таа банка.

Стилиниадис смета дека банкарските депозити над сто илјади евра во Банката на Кипар ќе бидат скратени за околу 30 отсто.

Поранешниот кипарски министер за финансии и поранешен шеф на Централната банка Авксентис Авксентиу смета дека кратењето на Народната банка треба да изнесува меѓу 30 и 40 отсто, за да може да биде спасена.

Според него сегашниот гувернер на Централна банка би можел да преговара по тоа прашање во ЕЦБ.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ