Македонските гласови ќе одлучат за градоначалник на Гостивар во втор круг

Од:

Во Гостивар, во вториот круг ќе се води мртва трка помеѓу актуелниот градоначалник Руфи Османи и кандидатот на ДУИ, Невзат Бејта. Според досегашните 98,39% од обработените гласови, Османи има доверба од  37,08%, а Бејта 35,26%.

Победникот во вториот круг најверојатно ќе го одлучуваат македонските гласачи или оние на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Интересен ќе биде и составот во општина гостивар, бидејќи според податоците ДУИ има 29,69% од гласачите, НДП 28,32%, ВМРО-ДПМНЕ 15,35%, СДСМ 9,32%, ДПА 7,93% и Демократската партија на Турците – 7, 27%.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“