(ВИДЕО) Петров: Креираме политики за младите да успеат во татковината

Од:

„Наша цел е да креираме и реализираме мерки и политики кои ќе им овозможат на младите да успеат тука, во својата татковина.

Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството.

Со оваа мерка опфатени се сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во произведствена дејност“, рече Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Мерката ги опфаќа и младите лица вработени во произвоствена дејност преку приватна агенција за вработување како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

Нашата цел преку оваа мерка е поттикнување на вработувањето на младите лица во производствена дејност по завршувањето на средното образование. Со оваа мерка истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите но и ги задоволуваме потребите на работодавачите со квалификувана работна сила.

Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега вработени се околу 6.000 лица. Оваа мерка е инвестиција во знаење, усовршување и преквалификација на младите.

Во Собранието е усвоен и Законот за младинско учество и младински политики.

Со овој закон за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади.

Законот обезбедува широк, инклузивен и сеопфатен пристап за младинското учество и младинските политики и има за цел зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политиките за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната улога во општеството.

Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам, поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите.

Потврда за сите заложби кои ги прави СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, а ако споредиме со таа во 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога беше 48,2% ќе заклучиме дека има огромна разлика.

Затоа на 12 април, младите, граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ кои значат напредок и просперитет и за граѓаните и државата“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“