Петтите локални избори во струмичко донесоа промени само во Ново Село

Од:

Петтите избори за локална власт во струмичко донесоа промени само во општина Ново Село, таму првично неофицијално градоначалник ќе биде кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Блажо Велков, а втор мандат не доби досегашниот Петар Спасов од СДСМ.

Според податоците од изборниот штаб на Зоран Заев, коалицијата Сојуз за иднината го исполнила цензусот и Заев е избран за градоначалник уште во првиот круг.

– Според  нашите податоци до сега имаме освоено 19.000 гласови, наспроти 16.900 гласови на ВМРО-ДПМНЕ, значи имаме разлика од 2.100 гласови и го исполнуваме цензусот уште во првиот круг и објавуваме победа, рече синоќа Зоран Заев.

Своите втори мандати, уште во првиот круг ги обезбедија актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на Босилово, Љупчо Колев и на Всилево, Ване Стојанов.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ