Доктор прeдлага Јовановски да прави операција и се проверува дали има карцином, рече Дуковски барајќи да излезе од притвор

Од:

Адвокатот Сашо Дуковски ги прашуваше судиите каде е лекот за Бојан Јовановски, откако претходно повтори дека неговиот клиент да излезе од притвор бидејќи неговата здравствена состојба е лоша. Дуковски потенцираше дека абдоменален хирург предлага Јовановски да прави операција, а земен му е и материјал за да се провери дали има карцином.

„Абдоменален хирург даде предлог за операција веднаш и вели строг хигиено-диететски режим од субспецијалист, абдоменален хирург. Затворскиот лекар вели дека треба строг хигиено-диететски режим, поради новонастаната ситуација, односно чировите кои се зголемуваат поради неадекватен третман. Земен му е материјал да се види дали е станува збор за карцином. Денеска Јовановски повторно повраќаше, нон-стоп повраќа. Татко ми мој почина од нелечен чир, кој се лечи со антибиотик, кој пак, не го зема. Затворскиот лекар исто така пишува ‘Веднаш да се постапи со хигиено-диететски режим’. Ова не го пишуваат бидејќи им е симпатичен Јовановски“, рече Дуковски.

Адвокатот на Јовановски во текот на образложението кое го даваше пред судот, постојано повторуваше дека неговиот клиент мора веднаш да има хигиено-диететски режим.

„Мојата реторика се однесува во еден и единствен правец, само да му укажам на судот дека не може десет субспецијалисти и најмалку двајца затворски лекари, да предлагаат операција, да предлагаат хигиено-диететски режим веднаш, а тој е во затвор каде е во ќелија со други затворени лица, место кое е расадник на бактерии. Вака понатаму не може да продолжи, не може во една постапка странките да не бидат еднакви“, посочи Дуковски.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра