Салих: САД и Ирак треба да ја продолжат заедничката борба против Исламска држава

Од:

Соединетите Американски Држави и Ирак треба да ја продолжат заедничката мисија за борба против терористичката организација Исламска држава, изјави ирачкиот претседател Бархам Салих.

– Нашите односи се постојани, САД се партнер на Ирак и во војната против Исламската држава, рече Салих пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Меѓународниот економски форум во Давос.

„Мисијата треба да биде исполнета и мислам дека вие и јас ја делиме визијата за стабилен и суверен Ирак, кој е во мир со себе и со нашите соседи“, му рече Салих на Трамп.

На средбата со Трамп, ирачкиот лидер рече дека „времињата на Блискиот исток се предизвикувачки и тешки“.

Ова беше прва средба на Салих со Трамп, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и лидерот на ирачката шиитска милиција Абу Махди ал-Мухандис во Багдад на почетокот од овој месец.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија