Си-Ен-Ен: Змии најверојатно се извор на новиот коронавирус

Од:

Кинеската кобра е можно да е оригиналниот извор на новооткриениот коронавирус, што зимава се појави во Кина, откриваат научниците.

Болеста за првпат е регистрирана кон крајот на декември 2019 година во Вухан, од каде рапидно се шири во Кина, а потоа и во многу други земји, вклучително и САД.

Првите случаи на коронавирус се забележени кај работници или клиенти на локален пазар каде, покрај живо месо, се продаваат и животни како птици, магариња, овци, свињи, камили, лисици, јазовци, стаорци, ежови и влекачи, јави Си-Ен-Ен.

Научниците веруваат дека вирусот од животните на пазари преминал врз луѓето, а врз основа на таа теорија се споредуваат генетски примероци на коронавируси со сите познати коронавируси, користејќи протеински кодови и притоа откриле дека протеинот во најновиот вирус е најсличен на коронавирусот од кој страдаат змиите.

Змиите најчесто ловат лилјаци во дивината, а според извештаите видови на тајванска или кинеска кобра биле продавани на пазарот во Вухан.

Со тоа се зголемува можноста вирусот да преминал од лилјаци на змии, а потоа и на луѓето.

Сепак, се уште не е познато како може да се прими вирусот и кај топлокрвни и ладнокрвни животни.

Авторите на извештајот и другите истражувачи треба да го проверат потеклото на вирусот преку лабораториски експерименти, а неопходно е прво да се проучат деловите од вирусот кај змиите.

Тајванските змии од групата кобри се многу токсичен вид змија, карактеристични за централна и јужна Кина.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски