А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Донесен Законот за младински додаток по скратена постапка

by А1он22/01/2020 - 20:15523
Share0

Собранието вечерва го донесе Законот за младински додаток по скратена постапка, кој предвидува на млади до 23 години по завршување на средно образование да им се доделуваат по 3.000 денари за работа во производството.

Добивај вести на вибер

Целта е да се стимулира запишување во средни стручни училишта и поттикнување на вработувањето во производството или поддршка за младите што се вработени во производните области. Парите за младински додаток ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за законот.

Пратениците го оценија како прифатлив Предлог-законот за енергетска ефикасност кој е проследен во натамошно, второ читање. Законот е со европско знаменце зашто предвидува нашата земја да се обврзе да транспонира две директиви од ЕУ – за енергетска ефикасност и за енергетски карактеристики на зградите.

Според сегашната состојба во законодавството, постои бариера за имплементација на мерки за енергетската ефикасност во државата, односно во 2014 година беше одложена обврската за издавање сертификати за енергетска ефикасност кај јавните згради и издавање сертификати за енергетска ефикасност при купопродажба или при давање под закуп на постојни згради кои се користат во резиденцијалниот сектор до денот на членството на Република Северна Македонија во ЕУ.

Ова решение го попречи пазарот на енергетските услуги, иако приближно 300 енергетски контролори посетиле обуки и положиле испити, по што се стекнале со овластување за вршење енергетска контрола и соодветно на тоа приближно 80 компании се стекнале со лиценца за вршење енергетска контрола. Со новиот Закон за енергетска ефикасност, меѓу другото, треба да се надмине таа бариера.

sobraniezakon za mladi

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски10/01/2026 - 11:0810/01/2026 - 11:10

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:2429/12/2025 - 13:44

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен