Спасовски во Пустец за спроведување фер избори

Од:
Претседателот на Владата Оливер Спасовски се сретна со градоначалникот на Пустец, Република Албанија, Јани Колевски и со претставници на Македонската алијанса за европски интеграции, партијата на Македонците во Албанија.

На средбата, како што стои во соопштението, изразена e поддршка на Владата, во периодот што претстои да продолжат реформите во државата, за спроведување фер избори и за реализација на стрaтешките цели на државата, интеграцијата во НАТО и исчекор во евроинтеграциите.

„Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија се заблагодарија за отвореноста за соработка сo Владата и за поддршката во изминатите две и пол години, којашто продолжува и денес, а каква што немале, како што е оценето, од ниту една претходна Влада“, стои во владиното соопштение.

На состанокот е разговарано за можноста за реализација инфраструктурни и комунални проекти од интерес на луѓето кои живеат во општината Пустец.

На средбата било потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата држава и Република Албанија се одразуваат позитивно и во релациите помеѓу албанските власти и македонската заедница таму, посебно што за прв пат во албанскиот Парламент има пратеник од македонската заедница, кој има можност отворено да укажува на потребите на Македонците во земјата за изнаоѓање решенија.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он