Десетина илјади лица се собраа во Париз, на завршниот протест против законот за легализација на истополовите бракови и нивното право на усвојување на деца.
Според извештаите полицијата употреби солзавци за спречување на демонстрациите.
Меѓу транспарентите, на собирот имало и транспаренти како „Подалеку рацете од моето потомство“и „Сакаме работа, а не хомосексуални бракови“.
Францускиот Сенат би требало наредниот месец да расправа за законот, бидејќи е усвоен во Долниот дом на парламентот.
Анкетите покажуваат дека француски граѓани и понатаму ги подржуваат геј браковите, но нивниот број последните недели значително опаѓа.
Според официјалните извештаи на сличните демонстрации во јануари имало околу 340.000 лица.
Елена Георгиевска