СДСМ: Без договорот од Преспа, нашето столче во НАТО не би го имале

Од:

„Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа претставуваат директна закана за полноправно членство во НАТО, ЕУ перспективата и воопшто иднината на државата.

Токму политиките на СДСМ и Владата која ја предводи односно Договорот од Преспа и обезбедија на нашата држава столче во НАТО алијансата како 30 та земја – членка на најмоќниот сојуз во светот.

Без договорот од Преспа, нашето столче во НАТО не би го имале“, велат од СДСМ.

„Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?

Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.

Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.

Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

Напроти ВМРО -ДПМНЕ и нивното деструктивно однесување, целата демократската јавност во нашата земја, СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети тука се да потврдат и гарантираат дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

СДСМ нема да дозволи враќање чекор назад, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“