СДСМ: Наместо за реформите во судството и напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за напредокот на државата, туку дека е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото.

Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицкоски во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава“, велат од СДСМ.

„Мицкоски го поврзува Законот за Јавно обвинителство со имотот на партијата, а од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.

Со ова Мицкоски потврдува дека имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ му се поважни од реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.

Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта.

Затоа на 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски