(ВИДЕО) Локвенец: Со измените на Законот за служба во Армијата обезбедуваме подобри услови за работа во Армијата

Од:

„СДСМ е доследен во реализацијата на стратешките реформи кои се дел од процесот за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО.

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, предложени од Владата предводена од СДСМ, кои овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

Измените обезбедуваат подобра амрија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО“, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„Со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање.

Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.

Ова е историски успех на политиките на СДСМ, ова е историски успех за државата и за сите граѓани.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он