Една жртва и тројца повредени во сообраќајка кај Струмица

Од:

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв“, управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.

Портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска инфомираше дека во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д (34) од истото село од здобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожарникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожарување со прекинување на електричниот погон.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Би можело да ве интересира

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Во сообраќајка загина 28 годишник од Крива Паланка – со возилото удри во бетонски ѕид

А1он