Екипата на Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0 со головите на Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах и се одлепи на речиси недостижни 16 бодови разлика од второпласираниот Манчестер Сити.
Со оваа победа екипата на Ливерпул е се поблиску до освојување на титулата во Премиер лигата на која што се чека долго време.
На вечерашното дерби Ливерпул изедначи рекорд стар 18 години што го држеше екипата на Арсенал, а тоа е да постигне гол на сите 22 натпревари во Премиер лигата од почетокот на сезоната.
Пред Ливерпул, на Арсенал во сезоната 2001/2002 му успеа да ја затресе мрежата на 22 последователни средби. Тогаш лондончаните постигнаа гол на сите 38 првенствени натпревари и на крајот ја освоија титулата.