Од понеделник, ВМРО-ДПМНЕ почнува со кампања „Обновата Пред вашиот дом“, при што тимови од партијата ќе ги посетуваат граѓаните по дома, во сите населени места.
-Ќе разговараме со секој еден од Вас. Заедно со вас ќе ја поразиме оваа криминално рекетарска банда на власт. Доаѓаме сега, но ќе дојдеме и по 12 април. Вие граѓаните сте причината за која работиме, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
-Почнувајќи од викендот 25 и 26 јануари, тимови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со посета на рурални средини, нема да има населено место од најмалото до најголемото, нема да има човек во Македонија што ќе остане непосетен.
Исто така претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе започне кампања „Мицкоски со граѓаните“ , каде во овој период ќе ги посети градовите, ќе разговара со граѓаните, еснафот, бизнисмените, земјоделците. Ќе се погледнеме очи во очи со граѓаните, и ќе им се каже дека Македонија има и шанса и надеж и дека обновата доаѓа.
Тука сме до граѓаните. Заедно ќе победиме. За ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев никогаш повеќе.
Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, рече Јанушев.
Тргнуваме на терен, ВМРО ДПМНЕ пред вашиот дом, Мицкоски со граѓаните, ќе кажеме дека Македонија има шанса.
Три години Зоран Заев и СДСМ владеат со лаги, измами и криминал. Три години граѓаните страдаат, а мафијата профитира, рече Јанушев.