Башеле: Во Сирија страдаат цивили и покрај примирјето

Од:

Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Башеле денеска повика на итен прекин на непријателството во Идлиб, истакнувајќи дека најновото примирје во Сирија „повторно не успеа да ги заштити цивилите“.

– Ужасно е што цивилите се уште секојдневно страдаат во ракетни напади од воздух и од земја, рече Башеле по повод прекинот на огнот што требаше да биде применет пред речиси една недела.

Околу 350.000 Сиријци, претежно жени и деца, избегаа од офанзивата во провинцијата Идлиб од почетокот на декември и побараа прибежиште во пограничните области со Турција, соопштија Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град