Кипар нема многу оптимални варијанти за решавање на тешката финансиска ситација во банкарскиот сектор, сметаат властите.
„Помош од европските партнери, сепак има, но таа ќе биде насочена кон оптимизирање на загубите и заштита на најрансливите елементи од банкарскиот сектор“, изјави европскиот комесар за финансиски прашања, Оли Рен.
Според Рен, Европската комисија постојано бара решение за помош на Кипар.
„За жал, настаните од последните денови не лишија од можноста да ги користиме оптималните варијанти. Денес сме принудени да направиме тежок избор. Блиската иднина на земјата ќе биде особено тешка“, заклучи Рен.
Комесарот истакна дека земјата е се уште членка на ЕУ и заедницата има намера да продолжи да помага во реконструкција на економијата.
Јасна Атанасова