Французите се парадоксални! Само неколку дена откако против нивниот поранешен претседател беше подигнато обвинение за „злоупотреба на слабост“ во рамките на аферата Бетанкур околу финансирањето на нелегален начин на претседтаелската кампања од 2007 година, испитувањето на јавното мислење направено од институтот БВА покажува дека две третини од французите веруваат дека Никола Саркози има политичка иднина, јавува дописникот на МИА од Париз.
Имено, 63% од испитаните одговориле дека веруваат дека Никола Саркози има политичка иднина, односно дека оваа афера нема да влијае многу на неговото евентуално враќање на политичката сцена, додека 36% го мислат спротивното.
Резултатот на анкетата поранешниот француски претседател сигурно дека ќе го прими со голем интерес, бидејќи истата таа анкета дека се зголемува бројот на оние кои посакуваат тој да биде кандидат на десницата во 2017 година се зголемува.
Всушност во јавното мислење се се случува како да Саркози нема никаков проблем со судството. Но на сите политички коментатори им е јасно дека политичката иднина на поранешниот претседател е во рацете на судиите.
Тогаш се поставува прашањето, зошто французите се толку цинични и му даваат голем кредит на политичари ставени под судска истрага, обвинети или пак осудени.
Гаел Слиман од иснтитуот БВА мисли дека цинизмот на французите се должи на тоа бидејќи според нив „сите политичари се корумпирани, што им дозволува да останат популарни и по судските афери. Но за разлика од пораешниот премиер Алан Жупе, кој успеа да се врати во политиката и да биде министер за надворешни работи и градоначалник на Бордо, откако беше осуден, за Никола Саркози булеварот кој води кон 2017 година не е отворен. Неколкуте судски афери, покрај таа со Бретанкур, можат да се одолговлечат, па и ако излезе чист од нив, тоа може да се случи дури по 2017 година.
Инаку, самото ставање под обвинение на Никола Саркози доведе до незапаметена медиумска кампања и напади на приврзаниците на Саркози против истражниот судија, кој ја води истрагата. Обвинет за импарцијалност, кој одговори со најава за тужби против некои пратеници од редовите на опозициската УМП, додека политичарите од левицата бараат да прекине притисокот врз судството, кое треба независно да си ја врши својата работа.