Кумановецот Д.С. (29) синоќа околу 23.50 часот на ул.„Белградска“ во Куманово маскиран со црн шал извршил „разбојништво во обид“. Барајќи пари, му вперил пиштол „Црвена застава“ на триесет и шестгодишниот И.К..
Нападнатиот со помош на својот татко Ј.К. и роднината Д.М. од Кратово, успеале да го совладаат, нанесувајќи му повреда во главата и телото, по што повикале полиција.
Д.С. бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар Куманово.
По целосно документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.