Илјадиници парижани вчера се собраа по прв пат да слушнат нови девет ѕвона на француската катедрала Нотр Дам.
Новите ѕвона, од кои најголемото тежи 6,5 тона, се порачани за 850 годишнина од градбата на црквата, да ги заменат четирите стари ѕвона, направени во 19-ти век.
-Беше возбудлив момент, звук кој нема да го заборавме, бидејќи ѕвоната ќе останат со векови – изјави очевидец Жан Клод Бланшард.
Елена Георгиевска