Поројни дождови го зафатија источниот брег на Австралија што претставува надеж дека дел од големите пожари што ја зафатија таа држава ќе бидат изгаснати или барем успорени, јавија локалните медиуми.
Властите сепак, предупредија дека кратките и интензивни грмотевици може да предизвикаа и поплави, нои постои и ризик од нови пожари.
Метеоролозите најавија нестабилно време во следните четири денови и враќање на топлото време во следните недели.
Дождовите во некои области може бидат поројни, а во други само милиметар или два додека за запирање на пожарите се потребни долготрајни дождови.
Австралија се бори со пожари во кои досега загинаа 29 лица и уништени се повеќе од 2.500 домови. Во сојузната држава Нов Јужен Велс активни се уште 85 пожари од кои 30 се под контрола. Во Викторија активни се 19 пожари.