Британската Влада синоќа објави финансиска помош од две милијарди фунти (2,3 милијарди евра) за Северна Ирска. Таа помош е предвидена за подобрување на јавните услуги, изјави британскиот министер Џулијан Смит одговорен за Северна Ирска.
– Тоа финансирање дава безбедност…Таа инекција од 2,3 милијарди фунти од Лондон ќе помогне за реформи во јавните служби во Северна Ирска, додаде Смит.
– Тие средства ќе овозможат спроведување на потребните реформи на полето на здравствените услуги, образование и судството.
Севеврна Ирска, економски најнеразвиен дел од Обединетото Кралство во саботата со обнова на работата на Паралментот и именување влада, воспостави политички институции по три години политичка парализа.