Во Гевгелија до 10 часот гласале 15,64 проценти од гласачкото тело

Од:

Изборниот ден на петтите по ред локални избори во Македонија во Гевгелија започна регуларно, со отворање на сите 35 избирачки места, на кои досега, заклучно со 10 часот, своето право на глас го искористиле 3.027 граѓани, што претставува 15,64 проценти од гласачкото тело на општината.

Од Општинската изборна комисија изјавуваат дека процесот на гласање започнал на сите регистрирани избирачки места во точно определениот термин во 7:00 часот утрово и дека очекуваат мирен и фер избирачки ден.

Граѓаните на Гевгелија со право на глас, кои ги има вкупно 19.391, имаат можност да избираат помеѓу пет кандидати за градоначалници и пет советнички листи за составот на највисокиот орган на локалната самоуправа во Општината.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука