Унгарските власти да се прашаат за враќањето на Груевски, вели Вархеји

Од:

Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји смета дека Европската Унија или Комисијата нема што многу да каже за враќањето на избеганиот поранешн премиер Никола Груевски и оти тоа прашање треба да се упати до унгарските власти.

-Не мислам дека Комисијата ја има поставено оваа цел, дека целта на реформите во судството во Северна Македонија е да се врати поранешниот премиер Никола Груевски од земја членка на Европската Унија. Се работи за национална способност, рече Вархеји одговарајќи на новинарско прашање.

Европската унија или Комисијата, како што посочи, нема што многу да каже по ова прашање и најдобро е да се упати до унгарските власти.

На новинарско прашање дали во земјава може да има нормални судски процеси без мешање од страна на нашите политичарите,  еврокомесарот Вархеји рече „секако тоа мора да се случи“. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Поранешниот премиер Груевски има профитабилна компанија во Унгарија

Горан Наумовски

Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022, тоа ја прави екстрадицијата речиси невозможна

Маѓар: Време е Унгарија да се врати во редовен правен режим

Именувана е новата унгарска влада

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски