Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка

Од:

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.

Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност на Русија.
Медведев ќе биде именуван на должноста заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Путин побара од Медведев да продолжи да ја извршува премиерската функција се додека не се формира нова влада.

Оставката на Медведев и новата функција во рускиот Совет за безбедност се во исто време кога Путин најави уставни измени.

Во денешното годишно обраќање до нацијата пред пратениците во федералниот Парламент, Путин предложи измена на Уставот за да им се овозможи на пратениците да именуваат премиер и членови на Владата. Тоа право моментно го има претседателот на државата.

– Тоа ќе ја зголеми улогата на Парламентот и парламентарните партии, власта и независноста на премиерот и сите членови на владата, истакна Путин.

Тој нагласи и дека претседателот треба да има овластување да именува високи одбранбени и безбедносни претставници.

Путин додаде дека уставните измени мора да бидат усвоени на референдум.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија