Во Кавадарци фатено лице како го фотографира избирачкото ливче

Од:

На избирачко место 674 во Кавадарци е фатено лице како го фотографира избирачкото ливче. Од членот на комисијата е побарано да се затвори избричкато место и да се внесе во записник случајот. Местото е затворено и гласањето е прекинато.

На некои избирачки места надвор има организирана група од граѓани кои агитираат и ги застануваат граѓаните пред да влезат да го остварат своето право на глас. За ова е известена полицијата .

Од вкупно 32 006 граѓани со право на глас, до 10:15 часот, на територијата на општина Кавадарци правото на глас го остварија 4472 граѓани или 13,9% излезеност.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?