Трудо: И САД се виновни со ескалацијата во регионот за уривањето на украинскиот авион во Иран

Од:

Канадскиот премиер рече дека загинатите при уривањето на украинскиот „Боинг“ би биле живи доколку немаше ескалација на тензиите со Иран, за што придонесоа и САД.

Патниците и екипажот на украински Боинг, погоден од иранска ракета, би биле живи доколку не беше за неодамнешната ескалација на тензиите во регионот во кој придонесе Вашингтон, рече канадскиот премиер Џастин Трудо во интервју за каналот Глобал.

Меѓународната заедница беше „многу јасна во врска со потребата од денуклеаризација на Иран“ на воен план, но и за олеснување на „тензиите во регионот, кои исто така беа предизвикани од американските акции“, рече Трудо.

„Ако не беше затегнатоста и неодамнешната ескалација во регионот, верувам дека овие (загинатите) Канаѓани би биле денес во нивните домови и со нивните семејства“, додаде Трудо, зборувајќи за 57 Канаѓани кои беа на тој лет.

Трудо додаде дека „очигледно“ било добро ако Вашингтон претходно ја известел Отава за нападот на беспилотното летало, при што беше убиен Сулејмани.

Тој алудираше на тоа дека САД и Канада, како членки на НАТО, се всушност сојузници.

Мајкл Мекејн, сопственик на „Maple Leaf Foods“, канадски гигант за храна, во неделата вечер на Твитер упати зборови за американскиот претседател Доналд Трамп, иако не го именуваше.

Како одговор на смртта на неговата сопруга и дете на еден негов вработен на тој лет од Иран, Мекејн напиша дека „вашингтонскиот нарцис“ ја сноси и вината за несреќата и му префрли дека го „дестабилизира“ Блискиот Исток.

Трудо порано го повика иранскиот претседател Хасан Рохани „целосно да ја расветли“ катастрофата и побара Канада да учествува во истрагата.

Канадските експерти пристигнаа во Техеран заради истрагата.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он