СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нарачуваше лустрациски процеси по желба и го злоупотребуваше законот, затоа е против поништување на лустрацијата

Од:

„Блокирањето на Предлог законот за поништување на лустрацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека во оваа партија ништо не се променило.

Христијан Мицкоски и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо оградување, се ставија во одбрана на бруталните злоупотреби на процесот на лустрација зад кои се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот.

И наместо Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од грешките и злоделата на Никола Груевски, напротив, тие ги штитат, бранат и ги чуваат.

Уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е раководена од Груевски од Будимпешта. Тоа се уште е истото нереформирано, режимско ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваше лустрацијата за политички, партиски и за лични цели. Тоа се потврди преку прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милишоски, Јанкуловска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба.

Бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрацијата, кои свесно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда мора да се исправи.

Новото предложено решение од страна на СДСМ е отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

На овој начин се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста.

ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на неправдата, затоа на 12 април ќе доживее силен пораз од граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

Орце Костов

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он