Внатрешна контрола при МВР ќе одлучи за возилата, БЈБ за распределба на вработените

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев и неговата заменичка Славјанка Петровска се договорија Одделот за внатрешна контрола да утврди дали несоодветно се користеле возилата кои биле дадени на користење кај обезбедувањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот Стево Пендаровски и самата Петровска. Ова следува по петочната телеграма на Чулев да се одземат 35-возила, бидејќи, според него, биле користени за приватни потреби.

Внатрешна контрола ќе донесе одлука за повлекување на возила но и да се остават возилата кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците, одлучиле Чулев и Петровска.

„Истовремено беше констатирано дека во меѓусебна координација помеѓу организациските единици да се направи соодветна распределба на возилата, водејќи сметка за кабинетите на министерот и дополнителниот заменски министер“, соопштија од ресорното министерство.

Од однос на телеграмата со која Чулев ги укинува наредбите дадени од неговиот претходник Спасовски, од министерството известија решиле директорот на БЈБ да утврди дали има потреба од работници во организациските единици за кои тие имаат решенија.

„А1он“ веќе објави дека со укинувањето на наредбите од страна на техничкиот министер Наќе Чулев, утрово во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на работа се вратило обезбедувањето на Ѓорге Иванов, кое беше прераспределено во други одделенија на МВР.

Укинувањето на наредбите кое го направил Чулев направило хаос и во Министерството за внатрешни работи. Лицата кои работеле во единицата „Алфи“, која подоцна беше укината, а кои со потпис од Спасовски биле распределени во различни единици, не знаеле каде да се јават на работа со оглед на тоа што нивниот сектор повеќе не постои.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он