Репрезентацијата на Словенија триумфираше на натпреварување во Светскиот куп што се одржа на леталницата во Планица.
Јуриј Тепеш, Петер Превц, Андраж Пограјц и Роберт Крањец со вкупно 1561 бод триумфираа во екипното натпреварување во ски летови и за десет поеби беа поуспешни од норвешката четворка Бардал, Стјернен, Велта и Сорсел.
Третото место и припадна на селекцијата на Австрија. Светскиот куп завршува утре со натпреварите во поединечна конкуренција.