Анкета: Американците веруваат дека САД станале понебезбедни по убиството на Сулејмани

Од:

Мнозинство од Американците не го одобруваат начинот на кој претседателот Доналд Трамп се справува со иранската криза и се чувствуваат понебезбедно, се дознава од најновата анкета на „Еј-би-си њус“-Ипсос.

Според анкетата, 56 отсто од Американците изјавиле дека не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со заострените тензии со Иран, додека 43 отсто изјавиле дека одобруваат како тој се справува.

Анкетата била спроведена на 10 и 11 јануари, односно два дена по ракетниот одговор на Иран врз американски бази откако во напад на беспилотно летало на САД беше убиен ирачкиот генерел Касем Сулејмани.

На прашањето за овој воздушниот напад, мнозинство од Американците, односно 52 отсто, одговориле дека по нападот се чувствуваат помалку безбедно. Дваесет и пет отсто изјавиле дека се чувствуваат побезбедно, додека 22 отсто изјавиле дека состојбата не се променила.

Според анкетата, 32 отсто од испитаните Американци изјавиле дека се вознемирени од можноста САД да бидат втурнати во сеопшта војна со Иран, 41 отсто изјавиле дека тие се донекаде загрижени за таква војна, 20 отсто изјавиле дека не се толку загрижени, додека седум отсто изјавиле дека не се воопшто загрижени.

Слично како и оваа, и од анкетата на „Ју-ес-еј Тудеј“-Ипсос спроведена по американскиот воздушен напад на Сулејмани, се дознава дека 55 отсто од Американците веруваат дека по убиството на иранскиот генерал земјата станала понебезбедно место за живеење.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија