Предупредување за инцидент во канадска нуклеарна централа по грешка испратено до милиони луѓе

Од:

Предупредување за инцидент во нуклеарна централа во јужна Канада беше по грешка испратено до мобилните телефони на милиони граѓани синоќа, соопштија официјалните лица.

Во предупредувањето се наведува дека властите реагирале на инцидент во нуклеарната централа „Пикеринг“, една од најголемите во светот.

Речиси два часа подоцна, на мобилните телефони на граѓаните им беше испратена нова порака – дека првичната, со предупредување, е грешка. Засега не е познато што доведе до грешка.

Првата порака, испратена околу 7,30 часот по локално време, алармираше за инцидент кај луѓето на 10 километри од нуклеарната централа, што е околу 50 километри од Торонто.

„Пријавен е инцидент во нуклеарната централа „Пикеринг“. Нема абнормални емисија на радиоактивност од станицата и службите за итни случаи реагираат на ситуацијата. Луѓето во близина на нуклеарната централа „Пикинг“ НЕ треба во овој момент да преземат мерки на претпазливост“, пишуваше во предупредувањето.

Во другата порака испратена во 9.11, пишуваше дека „нема активна нуклеарна ситуација“.

Градоначалникот на Пикеринг, Дејв Рајан побара „темелна истрага“.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто