Чичарито го менува Ибра во Л.А.Галакси

Од:

Откако Златан Ибрахимовиќ одби да го обнови договорот со Лос Анџелес Галакси и се врати во италијански Милан, американскиот тим сега ќе бара нов напаѓач за да ја пополни празнината што ја остави Швеѓаните.

Според „ЕСПН“, претставниците на Л.А. Галакси отпатувале во Севиља на почетокот од оваа недела за да разговараат со Хавиер Ернандез – Чичарито за неговиот можен трансфер во МЛС. Фудбалерот е заинтересиран за понудата, згора на тоа, од преминувањето кај Шпанците во текот на летото има само 9 запишани мечеви како носител и вкупно 14 учества (вкупно одиграни минути – 446).

Мексиканецот пристигна во Севиља од Вест Хем за 7,7 милиони евра. Тој настапуваше за екипи како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но тој призна дека ако постигне гол против „белиот балет“ ќе слави и нема да остане толку безличен, како што им се кажува на играчите да дејствуваат при бележење против поранешен тим.

Би можело да ве интересира

Два клуба од МЛС сакаат да го ангажираат Суарез

Ана Ололовска

Бекам: Невил ја заслужи тренерската работа во Интер

Ана Ололовска

Колумбос ја освои титулата во МЛС

Ана Ололовска

Руни може да стане главен тренер на Дерби Каунти

Ана Ололовска

Суарез одбил 32 милиони евра за 4 години во САД

Ана Ололовска

Игуаин се сели во тимот на Бекам

Ана Ололовска