СДСМ: Мицкоски не се огради од насилниците од 27 април, туку се уште ги поддржува, се потврди, ВМРО-ДПМНЕ стои зад насилствата

Од:

„Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието.

Христијан Мицкоски не само што не се огради од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ до ден денес ги поддржуваат.

27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во лицето и делото на Христијан Мицковски“, велат од СДСМ.

„Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!

27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има.

Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он