(ВИДЕО) Давидовиќ за „Еразмус“: За Дебарлиев и Денковски нема докази, Обвинителството прави преседан

Од:

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, кој ги застапува професорот Стојан Дебарлиев и вработениот Драган Денковски, кој во предметот „Еразмус“ беше посочен како демонстратор, по завршувањето на рочиштето, изјави дека Обвинителството за неговите клиенти нема никакви докази.

Давидовиќ тврди дека Обвинителството за гонење организиран криминал прави преседан бидејќи си дозволува во иднина секој да биде обвинет за нешто што ним не им се допаѓа.

„Гледајќи го доказниот материјал, овој предмет е многу чуден бидејќи Обвинителството си дозволува да утврдува како и на кој начин професорите оценувале. Не гледајќи поткуп и она што Обвинителството тврди дека го има кај некои, особено кај моите клиенти, Обвинителството тврди дека оценувањето не било во согласност со законот. Прво, Обвинителството нема такви познавања, не се професори, нема такви јавни овластувања и навлегуваат во многу опасни води, односно утре секој да биде обвинет за нешто што не му се допаѓа на Обвинителството за гонење организиран криминал. На пример, ако не проектира зграда која би му се допаднала, инженерот може да одговара зашто не ја проектирал, а јас како адвокат зашто не сум дал одбрана што му се допаѓа на Обвинителството. Ова е опасен преседан. Апсолутно, за моите клиенти нема докази. Дури ни прикриените сведоци ниту ги посочија ниту ги познаваат“, вели Давидовиќ.

Адвокатот на Дебарлиев и Денковски смета дека процесот трае премногу долго, а тие заедно со Обвинителството сакаат да заврши што побргу во интерес на клиентите.

„Обвинителството и одбраната дадоа согласност сите докази да се изведат одново, но со читање, не со нивно изведување. Еден од судиите поротници ќе ги види доказите според ветувањето на претседателот на советот. Премногу долго трае овој предмет, одбраната и Обвинителството навистина сакаат да завршат – а во интерес на клиентите“, посочи Давидовиќ.

Промена на судечкиот совет, односно заминување поротник на работа во Германија, го врати случајот „Еразмус“ на почеток. Заминувањето на поротникот ќе влијае врз процесот, посочи судијата Владимир Туфегџиќ, и побара согласност од обвинетите на следното рочиште да бидат исчитани сите докази, а да не се изведуваат. „Еразмус“ требаше да има пресуда на почетокот од февруари, а сега на тој датум ќе почне од почеток.

Би можело да ве интересира

Избрани над 36.000 добитници на бесплатни билети за патување преку „Истражи ја ЕУ“

(ВИДЕО) Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и секс за оценки: Втора пресуда за „Еразмус“

Александар Тодески

„Професорите не се службени лица“ – единствената причина зошто падна „Еразмус“

Кристијан Ландов

Судијата Туфегџиќ за одлуката на Апелација за „Еразмус“: Ќе се анализираат причините за укинување на пресудата и напатствијата

Кристијан Ландов

Падна „Еразмус“ пред Апелација: Професорите кои се гонат дека барале секс и пари за оценки, ќе се судат одново

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Трајчева: Возраста не ги спречила професорите да бараат секс, за сега да биде олеснителна околност за казните

Кристијан Ландов