Канаѓанецот, Били Мекнили по три години откако бил избоден, открил дека во грбот има дел од нож, долг 7,5 сантиметри.
Тој вели дека пред три години учествувал во тепачка, во која бил избоден пет пати.
По инцидентот отишол во болнива, во која немала рендген, така што лекарите не виделе дека во неговиот грб има нож, па по хируршката интервенција го пуштиле од болницата.
Поради болка, пецкање и непријатност во грбот Мекнили неколку пати бил на лекар, но секој пат му велеле дека дошло до оштетување на нервот и дека не може да му се помогне.
Мекнили поминал некое време во затвор каде што детекторот за метал секогаш пиштел кога ќе поминел покрај него или кога чуварите го проверувале.
Пред неколку дена на грбот почнало да му се формира израсток, поради што повторно отишол во болница каде што му извадиле дел од нож долг 7,5 см.
За сега планира да ја тужи болницата, но и Министерството за здравство поради грешката.
Елена Георгиевска