(ВИДЕО) Кузмановска: Од февруари ново зголемување на платите во здравството, го зголемуваме и надоместокот за дежурство

Од:

„Со СДСМ растат платите и повеќе пари се враќаат во секое семејство. Веќе од следниот месец следува ново зголемување на платите во здравството.

Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот персонал.

Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати“, вели Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

„Со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства.

Со овие измени опфатен и е и помошно техничкиот персонал.

Споредено во однос на 2018 година, досега дежурствата во здравството се зголемија за 3 до 4 пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од 4 до 5 пати.

Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнувала 100.000 денари, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари, а некаде и повисока.

Тоа е остварување на ветувањето на СДСМ за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти.

За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита.

Со СДСМ платите растат многу побрзо, а здравството е на прав пат.

Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат“, изјави Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“