ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговата влада блескаа само во криминалот

Од:

„Зоран Заев и СДСМ расипнички ги трошеа парите на граѓаните третирајќи го буџетот и институциите како приватна и партиска сопственост.

Зоран Заев и неговата влада блескаа само во криминалот и во исполнувањето на партиските списоци и непотизмот во вработувањата. СДСМ брза да си ги вработи ќерките и синовите, братучедите и децата на функционерите, не гледајќи колку тоа ќе го оптовари буџетот.

За Дамјан Манчевски и СДСМ само пред избори беа важни квалитетот и професионалноста на администрацијата. После изборите стана јасно дека реформата на администрација која ја ветија пред македонските граѓани беше уште една лага.
СДСМ нема каде да го крие недомаќинското работење затоа што објавените огласи за над 4.420 вработувања во последните два месеци се факт. Манчевски знаел дека ќе следи техничка влада па побрзал со целосно партизирање на институциите со нови вработувања директно од Бихаќка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните треба да знаат дека само овие нововработени, ќе ги чинат 62 милиони денари секој месец. Непотизмот блеска, а блеска и непрофесионалноста по цена на квалитетот.

Заев и СДСМ успеаја во овие две ипол години на власт да изградат систем само за партиските кадри.

Власта во заминување се обидува да купи некој глас повеќе во замена за работно место правејќи непоправливи штети.

На ова неработење и партизирање на системот ќе му дојде крај по 12-ти април. Обновата на Македонија ќе дојде заедно со квалитетот и професионалноста, наспроти непотизмот и вработувањата со поткуп што зад себе ги остава СДСМ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ