Објавена па повлечена снимка од лажен атентат врз Трамп

Од:

Иранската агенција ФАРС објави видео снимка, па потоа ја отстрани од каналот Јутјуб, на која се прикажуваше лажен атентат на американскиот претседател Доналд Трамп, по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Монтираната снимка почнуваше со една порака:

„Америко, ако почнеш војна, ние ќе ја завршиме“, се велеше на почетокот на видеото.

На снимките, снајперистот, кој се крие зад решетките, вади пушка од куферот, а потоа гледа во фотографијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад минатата недела.

Потоа тој пука неколку истрели кон американскиот претседател, а телохранителите трчаат да го заштитат.

„Во името на добротворниот и милостив Бог“, се наведуваше на крајот на клипот.

Трамп ја нареди ликвидацијата на Сулејмани, еден од најмоќните луѓе во Иран, кој се смета за национален херој во земјата.

Иран вети дека ќе се одмазди за убиството на генералот, а синоќа лансира повеќе од 20 балистички ракети кон две американски воени бази со седиште во Ирак. Иранската револуционерна гарда, која ја презеде одговорноста за нападот, рече дека нападите врз базите се одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касем Сулејмани.

Ирански медиуми пренесоа дека во нападот на базите загинале 80 американски терористи.

Видеото од лажниот атентат врз Трамп е објавено еден ден пред нападот врз американските бази во Ирак.

Би можело да ве интересира

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски