Најмалку 24 лица се обвинети за подметнување пожари во Австралија

Од:

Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс поднесе обвинение против најмалку 24 лица за намерно подметнување на пожари во државата.

Како што се наведува во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс, една од шесте сојузни држави во Австралија, од 8 ноември досега преземени се законски мерки против 183 лица, од кои 40 се малолетни, поради кривични дела поврзани со избивање на пожарите.

Правните мерки се движат од опомени до кривични пријави.

Од 183 лица, 53 добиле предупредување или кривични пријави поради непочитување на забраната за предизвикување пожари, а 47 се обвинети за оставање запалени цигари или запалени кибрити на земја, се вели во полициското соопштение.

Најмалку 24 лица загинаа во пожарите во Нов Јужен Велс, држава која е најтешко погодена од огнените јазици. Во пожарите се уништени куќи, па дури и цели градови, изгоре околу 18 милиони хектари земја, шуми и национални паркови и загинаа милиони животни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа