А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Гламурозната заменичка министерка Стаменковска е кадар на Груевски

by А1он08/01/2020 - 17:0509/01/2020 - 08:13778
Share0

„Граѓаните треба да знаат дека вистинските бројки за вработувањата, не се тие кои ги соопштува гламурозната дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска“, вели Методија Димовски, член на Комисијата за информатичко општество и администрација на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Како и секогаш, ние сме отворени и транспарентни, па ќе ги соопштиме и бројот на вработени на неопределено и оние на определено време. Ова во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше државна тајна. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во ноември и декември 2019 година, бројот на вработени на определено и неопределено време, на кои им престанал работниот однос, изнесува 6.460, а во исто време бројот на вработени кои засновале работен однос, изнесува 6.015. Ова значи дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние го кажуваме изворот на информации, тој е јавно достапен и јавноста може лесно да се увери во лагите и паушалните изјави на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој.

Според Димовски, Невенка Стаменковска е кадар на Никола Груевски, „кој едно мисли, друго зборува, а трето прави“.

„Затоа, во првиот нејзин настап како гламурозна заменичка министерка, зборува дека сакала „конечно да дојдат квалитетни кадри кои се обучени и треба да ја водат Македонија напред кон Европската унија“. При тоа заборава да спомене дека само пред две недели, нејзината партија изрази жестока спротивставеност за предлогот за новиот Закон за висока раководна служба, предложен од Владата предводена од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема план, не знае што со јавната администрација, нема предлог, нема ништо. ВМРО-ДПМНЕ јавно ни порачува дека не се промениле и дека сакаат да продолжат со бруталната партизација од времето на заробената држава на Груевски“, вели Димовски.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 13:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 11:58

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 09:12

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 13:21

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он28/09/2026 - 10:3828/09/2026 - 10:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео