Силна експлозија се случи утрово во близина на Парламентот во Могадишу.
Претставникот на полицијата на Сомалија, Мохамед Абдикадир рече дека најверојатно станува збор за експлозија на автомобил-бомба, но сè уште нема детали.
Во нападот на исламистичката група Ал Шабаб кон крајот на декември во главниот град на Сомалија загинаа 81 лице.