Иранскиот парламент денеска усвои итен закон според кој сите американски вооружени сили се означени како „терористички“.
Законот е усвоен по итна постапка по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во воздушниот ракетен напад во Ирак.
Парламентот неодамна усвои закон според кој како „терористи“ се означуваат американските воени сили во делот на Африка, централна Азија и на Блискиот исток.
Новиот закон сега се однесува на Пентагон, односно на целата армија и сите лица вклучени бо убиството на Сулејмани.